Get Adobe Flash player

Поважни настани од основањето на Ј.П.„Куманово-Гас“

За основање на ЈП.„Куманово-Гас“ Куманово е донесена Одлука на седмата седница на Совет на Општина Куманово во Октомври 2005 година и на 05.04. 2006 година е направена јавна свечена промоција на ЈП.„Куманово-Гас“ Куманово во просториите на ЈП.„Водовод“-Куманово на улица „Фетка Наскова “ бр.22 Кумaново, со една единствена цел да ја отпочне и заврши гасификацијата на Куманово.

Со договорот направен меѓу Општина Куманово и ФЗЦ ,,11 Октомври - Куманово направен на 03.10.2006 година е договорено изработка , транспорт , превоз и монтажа со заварување на челични подолжно заварени цевки Ф 159X4.5 мм во должина 6.760м , ултразвучна и радиографкса контрола на монтажните завари ,изолација на истите изработка на проект и изведба на катодна заштита за проектот Гасификација на Куманово. Во дистрибутивниот систем досега се вградени 4520м челични цевки.

Камен темелник на Дистрибутивен систем направен на 11.11.2006 година од страна на ФЗЦ.,, 11-ти Октомври-Куманово.


На 11.12.2006 година се прави договор со ДППИ „ Простор“ – Куманово за изработка на Главен проект за ГАСОВОДЕН ЦЕВКОВОД на основа на идејниот проект за градски дистрибутивен гасоводен систем за целото подрачје на градот Куманово изработен во соработка на „Овергас„ Софија.

На 01.09.2008 година Регулаторна комисија за енергетика на Република Македонија донесе Одлука за издавање на лиценца за вршење на енергетска дејност дистрибуција на природен гас.

На 01.03.2007 година се прави Договор помеѓу ЈП.,,Куманово-Гас’’ Куманово и ТД .Конти Хидропласт ДООЕЛ за производство , испорака и монтажа на ПЕ цевки со квалитет 100 од кои досега во дистрибутивниот систем се вградени 4250м.

По иницијатива на ЈП.„Куманово-Гас“ Куманово на ден 06.08.2009 година е усвоен правилник на изградба , одржување и безбедно функционирање на гасоводни системи од полиетиленски цевки за работен притисок до 4 бари.Објавен во Службен весник на Р.М бр.100 /2009година.

 

По иницијатива на ЈП.„Куманово-Гас“ Куманово на ден 11.10.2009 година е усвоен правилник за изградба, одржување и безбедно функционирање на куќен приклучок за гас за работен притисок до 4 бари. Објавен воСлужбен весник на Р.М бр. 113/2006година.

По иницијатива на ЈП.„Куманово-Гас“ Куманово на ден 24.11.2010 година е усвоен правилник за изградба , одржување и безбедно функционирање на објекти , уреди и инсталации за внатрешни гасни инсталации.Објавен во Службен весник на Р.М бр. 152/2010 година.

На 07.08.2009 година Министерство за економија на РМ ни издаде Решение за употреба на челична дистрибутивна мрежа од Автопатот Куманово-Белград до раскрсницата на Булевар „3-та МУБ“ , со Булевар„ Октомвриска Револуција“.

Решение за преглед и пуштање во употреба на PЕ цевковод од независно инспекторско тело е направено на 18.10.2010 година.

Тендер за набавка на мерно регулациони сетови е направен на 13.07.2010 година и како нов соработник се појавува ДОО ,,ЦМЦ Екокон’’-Скопје.

Договор за снабдување со природен гас е склучен помеѓу ЈП.,,Куманово-Гас- Куманово и „Макпетрол“ А.Д.-Скопје на 29.10.2010 година.

Поставување на МРС е направено од страна на ,,Гама“ АД и тоа на 01.11.2010 година.

 



Приклучување на Дом за стари лица „Зафир Сајто“ и свечено пуштање на Гасна Котлара на ден 10.11.2010 година.

Донесена Одлука на Управен одбор за Ценовник за куќен гасен приклучок на ден 10.12.2010 година.

На 37-та седница на Советот на Општина Куманово е усвоен Ценовник за куќен гасен приклучок на ден 17.12.2010 година.

На 17.12.2010 година во Службен весник на Р.М е објавен заклучок за објавување на Решението за давање согласност на Ценовникот за висината , условите и начинот на плаќањена такса за приклучок на дистрибутивен гасоводен систем на ЈП.,,Куманово-Гас’’ Куманово на територија на Општина Куманово.