Get Adobe Flash player

Ценовник

За висина, условите, и начин на плаќање на такса за приклучок на дистрибутивен гасоводен систем на ЈП.„Куманово-Гас“ на територија на Општина Куманово.

 

 

(Б) Цена на КГП го опфаќа материјалот , опремата и работите изведени за должина на куќен гасен приклучок до 12 м со мерно – регулационен сет. За должина на КГП преку 12 м се доплатува.

(В) Сите цени се дадени во евра и се наплатуваат во денарска противвредност по среден курс на НБМ на денот на уплатата.

(Г) Со уплата од 200 евра со ДДВ ,во тек на градежните работи на ДГМ , на идните потрошувачи ќе биде изграден дел од приклучокот до влезот во дворот. Подоцна, со доплата на основната цена, ќе биде изграден комплетен КГП.

Одделните термини употребени во овој Ценовник имаат следно значење:

Терминот ,, Во тек на градежни работи на улица’’ подразбира време до моментот на започнување на работите за враќање на раскопани површини во првобитна состојба на траса на дистрибутивна гасоводна мрежа на улица каде е место на приклучување на идниот корисник на дистрибутивна гасоводна мрежа на ЈП.„ Куманово-Гас“ Куманово.

Терминот ,,по завршување на градежните работи на улица’’ – подрабира време од моментот на започнување на работите за враќање во првобитно состојба на раскопаните површини на траса на дистрибутивна гасоводна мрежа на улица каде е местото на приклучување на идниот корисник на дистрибутивна гасоводна мрежа на ЈП.„ Куманово-Гас“ Куманово.

Терминот ,,пред започнување на изработка на немерен дел’’ – време пред да започнат било кои работи за изградба на немерен дел на внатрешна гасна инсталација во стамбена зграда.

Терминот ,,после изградениот немерен дел ‘’- време од моментот на почеток на било кои работи на изградба на немерен дел од внатрешна гасна инсталација во стамбена зграда.

Овој ценовник се применува за трошоци на приклучната такса за објекти кои се наоѓаат на територија на Општина Куманово, на кои им се одобрува приклучување на дистрибутивна гасоводна мрежа која ја гради Ј.П. „Куманово –Гас“ Куманово.